Распоред: Два дена одмор, па дводневна фудбалска треска

Со комплетирањето на осминафиналните натпревари веќе е познат и официјалниот распоред на четвртфиналните пресметки.

По големите возбудувања ќе следи целосен одмор во наредните два дена, по што четвртфиналните натпревари ќе се играат в петок и сабота, со по два на програмата, со почеток во 16 и во 20 часот.

Шоуто ќе стартува со пресметката меѓу Франција и Уругвај, селекциите кои предвреме ги „спакуваа“ Лео Меси и Кристијано Роналдо, па сега во меѓусебен дуел ќе решаваат за патникот во полуфиналето. Веднаш потоа, в петок во 20 часот ќе следи и дуелот Бразил – Белгија, пресметка на две исклучителни офанзивни селекции.

Домаќинот Русија по сензационалната елиминација на Шпанија ќе излезе на мегдан со Хрватска в сабота во  20 часот,откако претходноа Англија ќе игра против Шведска, во 16 часот в сабота.

Дефинитивно, пред нас се уште поголеми возбудувања како што се ближи финалната битка за тронот на светскиот фудбал.

Се вчитува...