Распродажба во Манчестер Сити – Уште една голема ѕвезда ставена на трансфер-листа

Рахим Стерлинг беше еден од најстандардните играчи во првиот тим на Манчестер сити, но крилниот напаѓач полека почна да го губи местото.

Фил Фоден покажува дека е вонсериски талент и сезонава го засени поискусниот соиграч. Наводно челниците на Сити сакаат да се ослободат од Стерлинг и се подготвени да го стават на трансфер-листа ова лето.

Еден од најзаинтересираните клубови за неговиот потпис ќе биде Арсенал. Менаџерот Микел Артета одлично го познава 26-годишниот Англичанец, бидејќи своевремено му беше помошник на Пеп Гвардиола на „Етихад“.

Сезонава иако одигра 48 натпревари и постигна 14 голови на голем дел од нив влегува од клупата за резервни играчи. Тој веќе шест сезони е дел од „граѓаните“, а дојде од таборот на Ливерпул.

Се вчитува...