Раул: Немаме време за жалење, се вртиме кон клучните средби

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Селекторот Раул Гонзалес уште еднаш им порача на своите ракометари дека првенството е долго и нема време за жалење по неуспесите како што и немаше простор за славје по победите. Македонскиот кормилар посочи дека поразот од Хрватска мора да се остави зад себе и погледите да се насочат кон пресметките со Шпанија и со Исланд.

„Кога играш против големи селекции како Шпанија или Хрватска треба да бидеш беспрекорен, кога ќе имаш шанса да дадеш гол, а не го сторивме тоа синоќа. Ние не изигравме толку лошо, по слабиот финиш во првото полувреме ги корегиравме грешките и заигравме многу подобро во второто полувреме. Загубивме од Хрватска, но нема време за жалење бидејќи ова е СП и морате да се фокусирате кон следните натпревари. Шпанија има и искуство и квалитетни играчи, а ние треба да играме најдобро што знаеме, да се обидеме да ја наметнеме нашата игра бидејќи само така би имале шанса за добар резултат. Шпанија не блескаше во првите три средби, но кога ќе посакаа, Шпанците ќе заиграа подобро и ќе направеа разлика, тоа е одлика на најголемите репрезентации“ – истакна македонскиот селектор.

Добра вест за Гонзалес е што во репрезентацијата нема проблеми со повредени играчи во пресрет на клучните натпревари од групата Б.

Се вчитува...