Раул носи 19 играчи, конечниот список во Загреб

Селекторот Раул Гонзалес донесе одлука на Европското Првенство во Хрватска да носи 19 ракометари, а конечниот список ќе биде обелоденет пред премиерниот дуел со Словенија.

Македонскиот кормилар се реши за истите ракометари кои настапија на контролните средби со Саудиска Арабија и со Србија, што значи дека од првичниот список отпаѓаат Мартин Томовски и Горан Крстески.

Список на ракометари за ЕП Хрватска 2018:
Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Мартин Велковски, Филип Кузмановски
Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Гоце Ојлески
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски
Одбрана: Аце Јоновски, Велко Марковски

Утре рано изутрина нашата делегација заминува за Загреб, каде на 13 јануари ќе го одигра првиот натпревар од групата против селекцијата на Словенија.

Се вчитува...