Размена: Реал го бара Тијаго, во Баерн се сели…

Реал Мадрид подготвува размена со Баерн Минхен, се со цел Флорентино Перез да ја исполни желбата на новиот тренер  Лопетеги и на „Сантијаго Бернабеу“ да го доведе Тијаго Алкантара. Плејмејкерот на Баерн Минхен ке крие дека би сакал да се врати во Шпанија, а „кралевите“ во него гледаат идеално засилување за средниот ред, воедно и долгорочен наследник на Лука Модриќ.

Како дел од трансферот челниците на Реал се подготвени да испратат еден свој фудбалер во Минхен, и тоа играч за кого новиот тренер на Баерн, Нико Ковач, има многу високо мислење. Станува збор за Матео Ковачиќ, борбениот играч за врска кој имаше минимална минутажа за Зидан, а нема да биде стандарден првотимец ниту кај Лопетеги. Поради ова, Хрватот побарал да му биде дозволено да ги промени клупските бои, а Флорентино Перез ја користи ситуацијата за да го искористи и да го добие за возврат Тијаго.

Шпанецот има повисока пазарна вредност од Ковачиќ, па Реал би доплатил и околу 15 милиони евра, но останува да се види дали баварскиот гигант ќе се согласи на една ваква размена.

Се вчитува...