Трент Александер Арнолд повторно е поврзуван со камбек во англиската Премиер-лигата, но не во редовите на „неговиот“ Ливерпул, туку кај актуелниот првак Арсенал.
Шпанските медиуми тврдат дека Реал Мадрид е решен во јануари да се активира во обидите да го довее Зубименди од Арсенал. Неуспешниот обид за Родри се покаж како значаен неуспех на „кралскиот клуб“, Мурињо нема играч кој може да го контролира средниот ред и темпото на игра, инсистирајќи да добие таков профил веќе на почетокот од 2027 година.
Арсенал ќе бара над 60 милиони фунти за шпанскиот ас, но „кралевите“ планираат значително да ја намалат оваа сума испраќајќи го во спротивен правец Трент Александер Арнолд. Десниот бек не се прослави по слободниот трансфер од Ливерпул, Мурињо многу повеќе му верува на Дамфрис, а и експериментот со Трент во средниот ред исто така не ги даде посакуваните резултати.
Англичанецот е отворен за камбек во татковината, особено поради малата минутажа во Реал, па се чини дека од ваквата размена можат да профитираат сите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
