Разочарување за Њукасл: Севилја не дозволува заминување на Карлос

Њукасл Јунајтед ќе остане без ангажман на еден од најпосакуваните играчи оваа зима. Клубот со најбогат газда во светот како идеално решение во одбраната го гледа стоперот на Севилја, Диего Карлос, меѓутоа шпанскиот клуб ќе одолее на богатите понуди, пренесува доброупатениот Фабрицио Романо.

Понудата на Њукасл за услугите на Бразилецот изнесува 30 милиони евра, меѓутоа Севилја цели кон што подобар крај на сезоната. Во моментот се наоѓа на втората позиција во Ла Лига, а 28-годишникот кој е стандарден првотимец е воедно и еден од клучните играчи за успехот.

Се вчитува...