Развојот на болидот на Ферари не оди во добра насока

Формула 1 тимот на Ферари очекувал далеку подобри перформанси на болидот за новата сезона, пренесуваат италијанските медиуми. Извештаите покажуваат дека периодот меѓу двете сезони е многу тежок, бидејќи развојот не оди во добра насока. Во тимот се надевале дека ќе имаат подобар напредок во овој период од годината, а посебен проблем е во развојот на аеродинамиката.

Ферари нема многу време да ги поправи проблемите бидејќи претставувањето на болидот е закажано за 11. февруари, а само една седмица подоцна Фетел и Леклер за првпат ќе го тестираат новиот болид на патеката во Барселона. За разлика од Ферари, извори од нивниот најголем конкурент Мерцедес, велат дека развојот на болидот за новата сезона оди во вистински правец.

Се вчитува...