Реакцијата на Бејл ги разбесни „кралевите“: Му се смееше на лутиот Азар во лице (ВИДЕО)

Геретн Бејл ниту самиот не знае кога последен пат играше натпревар за Реал Мадрид. Велшанецот одамна е отпишан од страна на „кралевите“, но тој не заминува. Напротив, подобро му да седи на клупа и да зема милиони.

Синоќа за време на натпреварот со Атлетик Билбао во Купот, во кој Реал испадна, е „фатен“ како им се смее на соиграчите во лице. Во прашање беше Еден Азар, откако Анчелоти се реши да не го вметне во игра, иако долго се загреваше.

Од камерите не може ништо да се сокрие, а навивачите на Реал се бесни поради овој потег на Велшанецот.

Се вчитува...