Реал Бетис го прегази Сосиедад за место во полуфиналето од Купот на Кралот

Фудбалерите на Реал Бетис се пласираа во полуфиналето од Купот на Кралот откако славеа на гостувањето кај Реал Сосиедад со 0-4. До предност гостите стигнаа уште во првото полувреме кога мрежата ја затресе Жуанми во 12. минута, овој резултат остана на семафорот и до полувремето бидејќи на домаќинтие им беше поништен гол во 39. минута.

Во вторите 45. минути истиот фудбалер на гостите донесе предност од 0-2, за победата да ја осигура Вилијам Хозе од белата точка во 83. минута. Конечните 0-4 ги постави Руибал во 87. минута.

Се вчитува...