Реал го најде најдоброто решение за Бејл?

Герет Бејл веќе ги има спакувано куферите за заминување од Мадрид, додека челниците на Реал бараат начин да се ослободат од својот најплатен фудбалер. Според последните информации „кралевите“ го нашле најдоброто решение за Бејл – враќање во таборот на Тотенхем, опција за која веќе се дискутира со раководството на финалистот во Лигата на шампионите.

„Спарси“ немаат намера да плаќаат богатство за својот поранешен фудбалер, но им одговара најновата понуда на Реал – да платат само десет милиони евра за едногодишна позајмица на Бејл. „Кралевите“ се свесн дека никој не би им ја покрил сумата од 60 милиони на која го имаа проценето велшкиот крилен офанзивец, па сега ќе се обидат преку позајмици во следните две до три сезони да наплатат по десетина милиони, воедно и да се откачат од високата плата што инаку би требале да му ја плаќаат на овој фудбалер.

„Спарси“ не купија ниту еден единствен фудбалер во последните два преодни рока, а Бејл сигурно би бил големо засилување за овој тим кој планира во следната сезона да се вмеша во трката за титулата. Претходно во трката по Бејл се наоѓаше и Манчестер Јунајтед, но „ѓаволите“ ги загубија сите шанси за потпис на овој фудбалер откако не обезбедија учество во Лигата на шампионите.

Се вчитува...