Флорентино Перез и Реал Мадрид беа неочекувано тивки на фудбалскиот пазар во последните години, но тоа е само затишjе пред бурата што првиот човек на „кралевите“ ја подготвува за претстојното лето. Тоа ќе значи и отворање простор за овие две суперѕвезди, поради што Реал Мадрид се подготвува за разделба од дури деветмина фудбалери од моментниот играчки кадар.
Начелно е постигнат договор за доаѓање на Килијан Мбапе од ПСЖ, но супер-амбициозноста на Перез е причина „кралевите“ да тргнат и по вториот екстра-голгетер што ќе биде достапен летово – Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд. Норвежанецот ќе може да биде доведен за отштета од 75 милиони евра, за него се интересираат речиси сите европски гиганти, но во Реал се убедени дека ќе излезат како победници од оваа трка и ќе формираат напаѓачки тандем што ќе биде страв и трепет во Европа во наредните десетина години.
Од оние кои ќе си заминат, на врвот на листата се Герет Бејл, Иско и Марсело, тројца фудбалери кои стануваат слободни играчи во текот на летото, Реал нема да заработи ништо од нивна продажба, но ќе ослободни значителен простор во буџетот за плати.
Меѓу оние чие заминување се очекува се и Јовиќ и Азар, кои и зимава имаа понуди од Премиер-лигата, но ќе почекаат до крајот на сезонава пред да ги променат клупските бои.
Неизвесна е и судбината на Марко Асенсио, крилниот офанзивец чија кариера не се одвива според очекувањата и сега размислува за нов чекор во кариерата.
Перез исто така ќе инсистира и на дефинитивна разделба од Себалјос, Валјехо и од Маријано Дијаз, триото кое воопшто не е дел од плановите на тренерот Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА