Реал М. во вториот дел го “скрши” Алавез, херој е Бензема (ВИДЕО)

Реал Мадрид дојде до победа од 3-0 во Ла Лига против Алавез, и така на некој начин се рехабилитираше од поразот од ПСЖ во вторникот во Лигата на шампионите.

Апсолутен херој на „кралевите“ е Карим Бензема, кој учевствуваше во сите три гола за својот тим, односно асистираше за првите два, и самиот го постигна третиот погодок за лидерот во шпанското првенство.

Асенсио во 63. минута, конечно, донесе водство за Реал Мадрид, кое го дуплираше Винициус во 80. минута. Во 90. минута Бензема со гол од пенал само стави точка на оваа за него одлична партија.

Се вчитува...