Реал Мадрид е освојувач на Суперкупот на Шпанија (ВИДЕО)

Реал Мадрид е освојувач на Суперкупот на Шпанија откако во финалето славеше против Атлетик Билбао со 2-0.

По изремнатата игра на стартот од мечот, „кралевите“ поведоа со гол во 38. минута. Родриго одлично продре по десната страна проигрувајќи го Лука Модриќ кој од врвот на казнениот простор одлично погоди за 1-0.

Бензема од пенал во 52. минута зголеми на 2-0.

Атлетик Билбао во 89. минута пропушти можност да ги врати надежите во финалето откако Гарсија промаши пенал.

Се вчитува...