Реал Мадрид го ’напаѓа’ Давид Алаба

Европскиот клупски првак Реал Мадрид се подготвува за финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул, кое за седум дена ќе се одигра во Киев, но веќе интензивно размислува и за летниот преоден рок. Кај Флорентино Перез секогаш во преден план се напаѓачите, но тренерот Зинедин Зидан сепак сака да има баланс на сите позиции во тимот. Негова голема желба е левиот бек на Баерн Минхен, Давид Алаба, за кој „кралевите“ се подготвени да платат 70 милиони евра.

„Сите знаат дека Реал Мадрид е заинтересиран за Давид, но ние не би можеле да кажеме ништо поконкретно во овој момент. Да оставиме да видиме што ќе се случува во летниот преоден рок. Нема тајни, меѓутоа да оставиме да заврши сезоната и да се отворат преговорите за трансфери во претстојниот преоден рок“, изјави Џорџ Алаба, таткото на фудбалерот кој воедно е и негов агент.

Се вчитува...