Реал Мадрид нуди три ѕвезди за Пол Погба

Реал Мадрид сака во своите редови да ја донесе првата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, а за него од раководоството на „кралскиот клуб“ се подготевени во замена да понудат три фудбалери, пренесува „Тајмс“.

Зинедин Зидан сака во своите редови да го доведе Погба, а како замена за Французинот на „Олд Трафорд“ треба да пристигнат Герет Бејл, Хамес Родригез и Кејлор Навас. Бејл следниот месец ќе наполни 30 години, а во Реал Мадрид дојде во 2013 година за тогаш рекордни 100 милиони евра. Хамес Родригез на „Сантијаго Бернабе“ пристигна пред пет години за сума од 70 милиони евра, а Кејлор Навас беше платен 10 милиони евра. Ако се собере вкупната сума на трансферите на тројцата фудбалери таа изнесува високи 180 милиони евра.

Очигледно Флорентино Перез е подготвен да направи ремонт во „кралскиот клуб“ ослободувајќи ги фудбалерите кои во минатите шест години донесоа четири титули во Лигата на шампионите.

Се вчитува...