Реал Мадрид подготвува нов договор за Винициус Жуниор

Младиот бразилски фудбалер, Винициус Жуниор ќе потпише нов договор со Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми. Вини џр. сезонава игра неверојатно во дресот на „кралевите“, поради што Еден Азар најверојатно зимава ќе го напушти „Сантијаго бернабеу“.

Шпанските медиуми пишуваат дека Реал подготвил нов договор бидејќи Винициус е меѓу најслабо платените фудбалери во тимот. Тој сегашниот договор го потпиша во 2018 година кога како неафирмиран фудбалер дојде во Шпанија. Офанзивецот во моментов заработува 3 и пол милиони евра годишно, додека со новиот би требало сумата да се зголеми на 10 милиони.

 

Се вчитува...