Реал Мадрид се откажува од ангажман на Халанд

Шпанскиот гигант Реал Мадрид и дефинитивно се откажа од борбата за потписот на напаѓачот Ерлинг Халанд. Наместо тоа, „кралскиот клуб“ сите сили ќе ги насочи кон привлекување на уште една голема ѕвезда на светскиот фудбал, Килијан Мбапе.

Како што е познато, францускиот репрезенттаивец на лето може да го напушти ПСЖ како слободен фудбалер, бидејќи тој се уште нема потпишано нов договор со парижани.

Една од причините за одбивањето на Реал да наддава за Халанд е агентот на играчот. Како што е познато, норвешкиот репрезентативец е клиент на Мино Раиола, кој е во лоши односи со претседателот на шпанскиот гигант Флорентино Перез.

Се вчитува...