Реал Мадрид се спаси и извади бод со Елче во судиското продолжение (ВИДЕО)

Елче имаше сензационален резултат на гостувањето кај Реал Мадрид. Имаше водство од 0-2, но на крајот испушти победа, благодарение на головите на „кралевите“ во 82. и во 92. минута од средбата и успеаја да извадат бод.

Боје во 42. минута донесе водство за Елче, а претходно Бензема не реализираше удар од белата точка. Мила во 76. минута донесе 0-2, за уште поголем шок за кралскиот клуб. Меѓутоа Модриќ во 82. минута од пенал најпрво намали, а спасител на Реал е Милитао кој во судиското надополнување успеа да израмни и да му донесе бод на лидерот на табелата.

Се вчитува...