Винисиус Жуниор импресионира во дресот на Реал Мадрид оваа сезона и комплетно го истисна од тимот Еден Азар. Младиот Бразилец заедно со Карим Бензема се ударен тандем во нападот на „кралевите“. Затоа Флорентино Перез планира да му понуди нов договор на крилниот напаѓач и тоа од цели седум години.
Вообичаено играчите потпишуваат договори на четири или пет години, но Винисуис ќе добие продолжување на соработката до јуни 2028 година. Интересно е тоа што Реал планира во неговиот договор да вметне откупна клаузула од 1,1 милијарди евра.
Сезонава на 16 натпревари во сите конкуренции, Винисиус има постигнато девет голови и седум асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА