Реал не успеа да го „скрши“ отпорот на Гетафе

Реал Мадрид ремизираше без голови на гостински терен против Гетафе во последниот натпревар од 34. коло во шпанската Ла Лига.

„Кралевите“ се обидуваа но не успеаја да го скршат отпорот на домашните. Најголемите можности за погодок ги имаа Бензема, уште во 2. минута од средбата, и Иско во 64. минута но мрежата на Гетафе сепак мируваше.

Ова реми без голови, за Реал Мадрид оддалечување и од трката за втората позиција на табелата. Реал сега заостанува цели 15 бода зад водечката Барселона, а шест зад второпласираниот Атлетико Мадрид.

Се вчитува...