Реал Мадрид игра слабо од стартот на евролигашката сезона, па управата реши да реагира и да направи рокада во играчкиот ростер. Откако беше објавено дека Бруно Фернандо се сели во редовите на Партизан, „кралевите“ експресно донесоа нов центар како негова замена, и тоа од НБА-лигата.
Украинскиот интернационалец Алекс Лен ќе биде нов член на Реал Мадрид откако беа договорени сите детали од соработката, па 213-сантиметри високиот „џин“ до крајот на оваа седмица би требало да му се стави на располагање на тренерот Скариоло.
Лен беше избран како петти пик на драфтот во 2013 година, во кариерата настапуваше за Феникс, Атланта, Торонто, Вашингтон, Сакраменто и ЛА Лејкерс, од каде се враќа назад во европската кшарка.
Тој има просек од 6,7 поени и 5,3 скокови по натпревар, но ланската сезона бројките му беа значително помали, па Украинецот за осум минути на теренот имаше просек од 1,8 поени и 2,1 скокови по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

