Реал пак се посрамоти, Барса со услуга за Валенсија

Во Реал Мадрид дефинитивно чекаат сезонава што поскоро да заврши откако „кралскиот клуб“ одигра уште еден очаен натпревар и заслужено загуби со 3-1 на гостувањето против Реал Сосиедад. Младиот Брахим Диаз ги доведе „кралевите“ во водство, но тоа беше се што видовме од избраниците на Зинедин Зидан на овој меч.

Реал Сосиедад имаше сомнително поништен гол со ВАР, по што домаќините потоа уште три пати ја затресоа мрежата на најтрофејниот шпански клуб. Мора да се истакне и дека Реал Мадрид од 39. минута играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Валјехо. Домашниот тим не искористи пенал во 40. минута, но потоа во вториот дел постигна два погодоци преку Залдуа и Мугуруза и стигна до голема победа.

Барселона славеше со 2-0 над Хетафе, благодарение на погодоците на Видал и на Меси. Овој триумф воедно претставува и огромна услуга на каталонскиот гигант за Валенсија, бидејќи „лилјаците“ ја искористија ситуацијата, па со победата над Алавес се израмнија со Хетафе на делба на четвртото место, кое води во ЛШ наредната сезона. Во последното коло Хетафе го пречекува Вилјареал, додека Валенсија му гостува на тимот на Валјадолид.

Резултати Шпанија:

Атлетик Б. – Селта 3-1, Барселона – Хетафе 2-0, Атлетико М. – Севилја 1-1, Бетис – Хуеска 2-1, Џирона – Леванте 1-2, Леганес – Еспањол 0-2, Рајо Валјекано – Валјадолид 1-2, Валенсија – Алавес 3-1, Реал Сосиедад – Реал Мадрид 3-1, Вилјареал – Еибар 1-0.

Се вчитува...