Реал со понуда до Роџер: Дојди во Мадрид и одиграј спекатакуларен меч со Рафа на „Бернабеу“

Роџер Федерер кариерата ќе ја заврши на овогодинешниот Лејвер куп. Рамо до рамо со најголемите тениски ривали.

Пред неколку дена Роџер Федерер објави дека Лејвер купот ќе биде последниот АТП настан во неговата долга трофејна кариера.

Реал Мадрид сега излезе со интересна понуда за Швајцарецот. Шпанскиот клуб се понуди да приреди вистински проштален натпревар за тениската легенда на својот „Сантијаго Бернабеу“ следната година, а Федерер на тој меч да ги одмери силите против Рафаел Надал.

Дали Федерер ќе биде заинтересиран за оваа понуда и колку таа би била остварлива во пракса е секако нешто за што може да се разговара. Секако повеќе детали не очекуваат за време и по самиот Лејвер куп.

Рекордна посетеност на еден тениски меч е забележана во 2020 година во Јужна Африка. Главни „актери“ беа токму Федерер и Надал, а во тој момент нивниот меч го следеа 52.000 луѓе.

 

 

 

Се вчитува...