Реал Сосиедад е на врвот на Шпанија

Реал Сосиедад се искачи на врвот на табелата во шпанското првенство откако со триумфот од 0-2 на гостувањето кај Селта стигна до седмата победа во натпреварувањето. На врвот на Шпанија составот од Сан Себастијан ќе остане најмалку и во следните два дена со оглед на тоа што има натпревар повеќе во однос на Реал Мадрид, Севилја и Бетис.

Откако мрежите мируваа во првото полувреме предност за гостите донесе Исак во 55. минута од мечот, а победата на сините ја завери Елустондо во 80. минута.

 

Се вчитува...