Ред Бул го потврди вториот возач за следната сезона

Формула 1 тимот на Ред Бул Рејсинг го потврди Алекс Албон како втор возач следната сезона. Албон го имаше своето деби сезонава во сестринскиот клуб нс Ред Бул, Скудерија Торо Росо, на трката за Големата награда на Австралија, а од трката за Големата награда на Белгија доби шанса и во првиот Ред Бул, каде на сите трки на кои настапи заврши меѓу шестте најдобри.

„Јас сум среќен поради партнерството кое го имам со Макс Верстапен. Благодарен сум на тимот кој веруваше во мене и ми даде шанса која што се надевам дека ќе ја искористам. Годинава беше неверојатна за мене и самото тоа што на половина сезона добив повик од Ред Бул е доволно да кажам дека таа беше и успешна. Научив многу годинава и се надевам дека ќе бидам уште по добар во 2020“, изјави Албон. 

Досега во шампионатот 84 поени, со кои се наоѓа на одличната шеста позиција.

Се вчитува...