Ред Бул го претстави болидот за новата сезона (ФОТО)

Формула 1 екипата на Ред Бул го престави болидот за престојната сезона кој го доби името РБ16. Како што се наведува во соопштението, во австриската компанија се надеваат дека новото возило ќе им ја донесе титулата и во конкуренција на возачи и во конкуренција на конструктори.

Тестовите на новиот болид ќе бидат извршени на Силверстон, а зад воланот ќе биде Макс Ферстапен кој го продолжи договорот со клубот до 2023 година. Вториот возач на тимот Александар Албот новиот болид ќе го проба дури во Барселона следната недела. Австриската екипа е четврта во Ф1 циркузот која го претстави болидот за новата сезона, а покрај нив тоа го направија и Ферари, Мерцедес и Хас.

Новата сезона почнува со трката за ГН на Австралија која е зажана за 15. март.

Се вчитува...