„Редизајнираниот“ Кливленд го растури Бостон, Леброн „беснееше“ покрај паркетот… (ВИДЕО)

Кливленд славеше со 99-121 на гостувањето против Бостон, синоќа за првпат во нов состав со новајлиите во екипата, Џордан Кларксон, Лери Ненси јуниор, Родни Худ и Џорџ Хил.

По неизвесните први четвртини на мечот, Кливленд во вториот дел направија серија која потоа се покажа недостижна за домашните. Поразот на Бостон ја „расипа“ и вечерта за Пол Пирс кој доби церемонија на „пензионирање“ со бројот 34 кој го носеше легендарниот кошаркар на Селтикси.

Кога е во прашање победничката екипа уште една одлична партија пружи Леброн Џејмс кој мечот го заврши со 24 поени, 8 скока и 10 асистенции.

Одлична партија имаше и Џордан Кларксон со 17 поени, притоа и при една акција со своите три поени воодушевувајќи го Леброн Џејмс кој не можеше да се смири покрај аут линијата…

Добри партии пружија и Родни Худ и ЏејАр Смит со по 15 поени. Кај Бостон најефикасен беше Тери Розие со 21 поен.

Индијана на свој паркет, без поголеми проблеми, славеше против Њујорк со 121-113. Кај Индијана одлична партија пружи Виктор Оладипо со 30 поени, дополнети и со осум скока и девет асистенции. Одличен беше и Бојан Богдановиќ со 20 поени.

Кај Њујорк најефикасни беа Тим Хардавеј јуниор и Енес Кантер со по 17 поени, а еден помалку имаше Мајкл Бисли.

Се вчитува...