Регионалните медиуми: „Одличните Македонци маршираат кон Мундијал!“

Медиумите од регионот повторно во суперлативи известуваат за фактот дека Македонија, по половина од одиграните натпревари, е на челната позиција во квалификаците за Светското првенство 2026.

Македонија, максимално позитивно го заврши јунскиот дел од квалификацискиот циклус, со реми против осморангираната светска селекција Белгија (1-1) и гостинска победа против Казахстан (0-1).

Сето тоа за нови воодушевувачки написи и во медиумите во Србија, Хрватска, БиХ, Словенија, Црна Гора…

„Одличните Македонци маршираат кон Светското првенство“ – е насловот на „Б92“ во извештајот за натпреварот од Астана.

„Трајковски ја води Македонија кон Мундијал“ – се дел од написите на хрватските медиуми, кои дополнуваат: „Александар Трајковски речиси и да не доби минутажа за Хајдук, а сега постигна одличен гол со волеј удар за Македонија за победа во Казахстан. Македонската репрезентација секогаш знае од него да го извлече сиот негов квалитет кога им е најпотребен“.

„Македонија е фудбалски беспрекорна изминативе две години. По настапот на ЕП во 2021 година, и она финале од баражот за СП 2022, сега повторно се на чекор да играат најмалку бараж за пласман на Светското првенство 2026“ – пренесува босанскиот „Аваз“.

Се вчитува...