Фудбалерите на Лацио ја победија Венеција со 0-2 во натпреварот од 5. коло во Серија А. Екипата на Џенаро Гатузо освои 13 бода во првите пет кола, поставувајќи нов клупски рекорд.
Венеција го започна натпреварот многу подобро и веќе во првите минути имаше одлична можност да поведе.
Голманот на Лацио, Христос Мандас, направи грешка во одбраната и го собори Тиери Кореја во шеснаесетникот. Сепак, грчкиот голман веднаш се извади, бидејќи со одлична интервенција го одбрани ударот на Џон Јебоа од пенал.
Венеција и во продолжението на мечот пропушти неколку одлични можности да поведе.
Гостите имаа само една посериозна шанса во првите 45 минути, но Лацио изгледаше сосема поинаку по паузата. Ја презедоа контролата и набрзо добија пенал. Јебоа направи прекршок врз Кенет Тејлор, а капитенот на Лацио, Матијас Заканги, ја презеде одговорноста и му донесе на својот тим водство од 0-1.
Само десет минути подоцна, Лацио го дуплираше водството. Поранешниот играч на Арсенал, Нуно Таварес, испрати одличен центаршут, а Тијани Нослин со глава го погоди во долниот агол од неколку метри за 0-2.
Холанѓанецот на тој начин ја продолжи својата одлична серија откако постигна гол против Милан во претходното коло.
Венеција не успеа да се врати во игра до крајот, па остана без ниту еден бод по пет кола.
Лацио, од друга страна, ја забележа четвртата победа во сезоната и стигна до 13 бода, што претставува најдобар почеток на првенството во историјата на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
