Рекордни 22 трки следната сезона во Формула 1

Светската автомобилска федерација потврди дека следната година ќе се возат рекордни 22 трки. Во календарот се најдоа две нови трки, а тоа ќе бидат големите награди на Холандија и Тајланд. Од трките кои што ги имавме годинава, следната сезона ќе нема место само за таа во Германија која го изгуби приматот.

Сезоната ќе стартува со трката за ГН на Австралија на 15. март, а традиционално ќе биде завршена со трката во Абу Даби на 29. ноември. Раководството на ФИА изјави дека цел во иднина им е во календарот да има дури 24 трки, поради остварување на дополнителни приходи, но за тоа ќе мора да се согласат сите тимови кои се дел од најбрзиот циркуз во светот.

 

 

Се вчитува...