Реми без голови на Валенсија и Сосиедад

Валенсија и Реал Сосиедад одиграа без голови 0-0 во натпревар од 23. коло во шпанската Ла лига. Во првото полувреме гостите од Баскија беа за нијанса подобар противник, но доминацијата во поседот на топката не ја материјализираа со гол.

Во вториот дел повторно поседот му припадна на Сосиедад, но поопасна беше Валенсија која исто така неколкуте добри шанси не ги претвори во гол, па на крајот се покажа дека конечните 0-0 се најреални.

Реал Сосиедад останува на шестата позиција на првенствената табела со 35 бода, додека Валенсија е 11. со пет бода помалку од денешниот противник.

 

 

 

Се вчитува...