Реми на Динамо и Хајдук во вечното хрватско дерби

Динамо Загреб и Хајдук одиграа без победник 1-1 во најголемото фудбалско дерби во Хрватска. Нашиот Аријан Адеми поради повреда не беше дел од тимот на загрепчани, кои дојдоа до водство со голот на Бруно Петковиќ во 12. минута. Во судиското надополнување Хајдук преку Чакташ од пенал израмни на 1-1, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

По ремито разликата во корист на Динамо Загреб на табелата изнесува идентични четири бода пред Хајдук Сплит, кој има и натпревар повеќе од лутиот ривал.

Се вчитува...