Реми на Фиорентина и Аталанта

Фиорентина и Аталанта ремизираа со 1-1 во последниот натпревар од 30. коло во Серија А. Гостите први стигнаа до предност преку Маеле во 37. минута, а истата ја задржаа се до 55. минута кога Кабрал не ја пропушти приликата да донесе изедначување со реализација од белата точка.

Аталанта денеска испушти значајни бодови во битката за излез во европските натпреварувања во сезоната која следи. Сега има 49 бода, два помалку од петтопласираниот Интер, но останува на пет бода пред Јувентус.

Се вчитува...