На стартот од новото издание во Лигата на нации, Холандија и Германија одиграа без победник 1:1 во меч кој го одбележа неспортскиот потег на „панцирите“.
Мечот кој претставуваше деби за двајцата селектори, Чави Ернандес кај Холандија и Јирген Клоп кај Германија, помина во знакот на моментот, односно акцијата, која претходеше на единствениот гол.
GERMANY TAKE THE LEAD!
felix nmecha puts germany 1-0 up against the netherlands! 😳⚽️ pic.twitter.com/e8w9VBBrkJ
— Ultimate Empire 🔥 (@UultimateEmpire) September 24, 2026
Имено, додека Броби се жалеше на повреда и лежеше на теренот, холандските репрезентативци бараа од Германците да ја исфрлат топката надвор од теренот. Но, Германците заборавија на ферплејот, ја продолжија акцијата по која Нмеча во 32-та минута го отвори резултатот.
Овој потег го налути Дензел Дамфрис кој сакаше да се пресмета со Нмеча, но во последен момент беше спречен поголем инцидент.
🚨🌍| GOAL: CODY GAKPO HAS EQUALIZED FOR NETHERLANDS IN THE 91ST MINUTE! WHAT A GOAL!
🇳🇱 Netherlands 1-1 Germany 🇩🇪 pic.twitter.com/c7wvNdBi9e
— TheGoalsZone (@TheGoalsZone) September 24, 2026
Холанѓаните во судиското продолжение со голот на Коди Гакпо се спасија од пораз.
Најефикасниот натпревар се одигра во Осло каде во скандинавската пресметка, Норвешка со 3:2 ја совлада Данска.
Norway [1] – 0 Denmark – Oscar Bobb 14′
by
u/OptimusCloyster in
soccer
Норвежаните фуриозно го започнаа натпреварот и по 18 минути имаа водство од 2:0 благодарение на головите на Оскар Боб и Ерлинг Халанд.
Norway [2] – 0 Denmark – Erling Haaland 18′
by
u/OptimusCloyster in
soccer
До крајот на првиот дел, Данска намали преку Дамсгард, а во 60-та минута со голот на Хојлунд дојде и до израмнување.
Сепак, Ерлинг Халанд со својот втор гол и донесе триумф на Норвешка.
Norway [3] – 2 Denmark – Erling Haaland 74′
by
u/OptimusCloyster in
soccer
Португалија со голот на Жоао Феликс со 1:0 го совлада Велс, а Грција со пресврт славеше со 2:1 во Белград против Србија.
Во Б дивизијата, Косово со 1:0 ја совлада Република Ирска, додека Австрија и Израел одиграа 1:1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
