Реми на Шкендија и Воска на контролата во Тетово

Македонските фудбалски клубови продолжуваат со подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата и втората фудбалска лига. Тетовска Шкендија одигра реми 2-2 на домашен терен против второлигашот Воска.

Иако тетовци имаа водство од 2-0 со погодоците во 54. и 55. минута, гостите од Охрид до крајот успеаја со два гола во 59. и 91. минута да стигнат до реми.

Шкендија во пролетниот дел од сезоната ќе има тешка задача да стигне до титулата во ПМФЛ, а Воска има убави шанса за првпат следната сезона да заигра во елитата.

Се вчитува...