Реми во Ѓорче за враќање на Вардар на врвот, Струга ТЛ го победи Работнички и го испрати на дното

Вардар ремизираше (1-1) на гостувањето во Ѓорче Петров против Македонија ЃП и се врати на врвот на табелата со 21 бод, идентично како и составот на Академија Пандев, кој вчера славеше против Шкендија во Тетово.

Даниел Аврамовски на самиот старт од второто полувреме со шут од 18 метри го доведе Вардар во водство, а израмни Ален Јашароски во 68.минута со удар од работ на шеснаесетникот.


Струга Трим Лум успеа да слави на гости против Работнички со 1-2. На арената „Тодор Проески“, стружани прикажаа храбра игра и стигнаа до триумф со головите на Клисман Цаке во 10.минута и на Флорент Османи во 73.минута. Голот за Работнички беше дело на Давид Тошевски во 52.минута од натпреварот. Во самата завршница многу возбудувања. Беше досуден пенал за Работнички, беше исклучен Ниајас Лена, а голманот Урош Ѓуриќ го одбрани ударот од белата точка на Петар Петковски.


Силекс ја победи Ренова во Кратово со 3-0. „Гипсарите“ останаа со играч помалку во 26.минута по исклучувањето на Садики. Дејан Благојевиќ во 68.минута ги најавите трите бода за домашниот состав, а потврдата дојде со двата гола на Дарко Додев во 82.минута и во судиското продолжение.

Борец го победи Шкупи со 2-1 во Велес. Марин Јурина во 23.минута обезбеди предност за гостите од Чаир, но само пет минути подоцна израмни Симеон Христов. Сепак, велешани во судиското продолжение дојдоа до победа со голот на Никола Прелчец.

ПРВА ЛИГА, 10.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР 1-1

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 1-2

БОРЕЦ – ШКУПИ 2-1

СИЛЕКС – РЕНОВА 3-0

ВЧЕРА: ШКЕНДИЈА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-1

Табела: Вардар 21, Академија Пандев 21, Македонија ЃП 16, Шкупи 14, Ренова 13, Силекс 12, Шкендија 11, Струга ТЛ 11, Работнички 10.

Се вчитува...