Реми во Мадрид, Димитриевски и Рајо Ваљекано ги поделија бодовите со Селта Виго

Голманот на Македонија, Столе Димитриевски одигра уште еден одличен натпревар за Рајо Ваљекано во рамки на 12-то коло во Примера, па тој и неговите соиграчи ја сочуваа сопствената мрежа и обезбедија реми против незгодната Селта Виго.

Иако по неколку шанси имаа и двата тима, сепак, крајниот резултат остана 0-0.

По ваквиот исход Рајо Ваљекано со 20 поени се наоѓа на високото шесто место, а Селта Виго е позиционирана на четиринаестата позиција со освоени 11 бода.

Се вчитува...