Реми во Виго, Леванте и Селта ги поделија бодовите (ВИДЕО)

По сензационаланата победа над Атлетико Мадрид, Леванте и Барди продолжуваат со добрите игри во шпанската Ла Лига, откако на гостински терен ремизираа против Селта Виго во рамки на 25. коло (1-1).

Второто полувреме беше особено интересно, домаќините поведоа со 1-0. Франко Церви во 67. минута ја затресе мрежата на противникот за голема радост на присутните фанови на трибините. Овој гол не се покажа како сосема доволен за Селта, па „студен туш“ стигна во 82. минута, кога Роџер Марти успеа да биде прецизен и да донесе реми на своите соиграчи.

Барди беше стартер за Леванте, македонскиот репрезентативец покажа солидна игра и ги помина сите минути на теренот.

Леванте и понатаму е последен на табелата во Ла Лига со само петнаесет бода, додека Селта со 32 бода се наоѓа на 9. позиција на табелата.

Се вчитува...