Ренато Санчез добива втора шанса во Баерн Минхен

Португалскиот фудбалер Ренато Санчез, кој беше еден од најталентираните светски фудбалери, не успеа да се наметне во својот прв обид во германскиот првак Баерн Минхен, но ќе добие и втора шанса. Тој се враќа на „Алијанц арена“, откако една сезона како позајмен играч мина во редовите на Свонси. Одигра 12 натпревари за англискиот тим без да постигне погодок, а клубот испадна во Чемпионшип – дивизијата.

Ренато Санчез како големо засилување во 2016 година од Бенфика се пресели во Баерн Минхен.

„Тој се враќа кај нас. Неговиот талент не е спорен, а новиот тренер Нико Ковач ќе има апсолутно право да располага за формирање на тимот“, изјави претседателот на Баерн Минхен, Карл – Хајнц Румениге.

Се вчитува...