Борбата за превласт во Англија продолжува, а „топчиите“ одеднаш влегоа во големи проблеми поради две повреди што ги снајдоа нивните клучни играчи за време на репрезентативната пауза.
Рикардо Калафиори и Габриел ќе се вратат во главниот град на Англија порано од планираното, од многу непожелни причини. Тие имаа лоша среќа додека играа за своите национални тимови, што значително ќе влијае пред голот на Давид Раја.
Селекторот на Италија, Џенаро Гатузо, потврди дека Калафиори веќе се спакувал и ја напуштил базата на „аѕурите“.
„Калафиори го напушти тренинг кампот. Се обидовме со него, но имаше неколку проблеми. Му благодариме за неговата посветеност, остана тука една недела. Можеби можеше да игра, но тоа не би било фер кон него и Арсенал“, изјави Гатузо.
Неговиот колега Карло Анчелоти сподели повеќе детали за Габриел по пријателскиот натпревар меѓу Бразил и Сенегал.
„Дали е лошо? Не знам. Станува збор за повреда на мускулот. Медицинскиот персонал мора да го прегледа. Жал ни е за ова, многу сме разочарани. Кога играч има повреда, се надевате дека брзо ќе се опорави“, откри поранешниот стратег на Реал Мадрид и Милан.
Арсенал е на врвот на табелата во Премиерлигата со 26 бода од 11 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

