Решението за проблемите со ефикасноста Тотенхем го гледа во Икарди

Англискиот премиерлигаш Тотенхем е сериозно заинтересиран, во обид да ги реши проблемите со ефикасноста, да го ангажира Мауро Икарди кој е слободен играч откако му заврши договорот со Галатасарај.

Тотенхем кој летово потроши повеќе од 400 милиони евра за засилувања, има очаен старт на сезоната, се наоѓа на 17-та позиција на табелата и сè уште е без победа. Згора на тоа, Тотенхем нема постигнато ниту еден гол во петте кола во Премиер лигата.

Италијанските медиуми пишуваат дека не се мали шансите Икарди да ја прифати понудата на Тотенхем откако пропаднаа преговорите со Лацио.

Се вчитува...