Потегот со кој Кристијано Роналдо му помага на повредениот Единсон Кавани да го напушти теренот, и тоа откако Уругваецот беше клучен во триумфот на неговата селекција над Португалија во осминафиналето на Светското фудбалско првенство го воодушевија светот. Потегот експресно привлече внимание уште во текот на средбата, а видеото и фотографиите станаа вирални.
Репрезентацијата на Уругвај славеше на Португалија со 2-1. Двата гола за големиот успех ги постигна Кавани. Угругвајците во четвртфиналето ќе играат против селекцијата на Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА