Ревија на евроголови (3-3): Лион отвори од половина терен, Бордо врати во 91. минута

Лион и Бордо одиграа незаборавен натпревар што заврши без победник, 3-3, меч што ќе се памети пред се поради фантастичниот погодок на Фекир, кој во 10. минута со удар од половина терен го матираше гостинскиот голман. Лион имаше водство од 2-0, но потоа си ја искомпликува задачата со црвениот картон што уште во првото полувреме го доби Дардер.

Бордо намали на 2-1, Лион дојде до 3-1 со евроголот од слободен удар на Траоре, но гостите собраа сили и во самиот финиш израмнија на 3-3, со ремек-делото од над дваесет метри што го постигна Малком.

All Goals & highlights HD Lyon 3-3 Bordeaux 19… by livefootball10

Malcom SUPER Goal HD – Lyon 3-3 Bordeaux 19.08… by claytonashurst

Се вчитува...