Лидс Јунајтед доцна синоќа го официјализираше својот најнов трансфер, плаќајќи богатство за потписот на Џејмс Трафорд. Поранешниот младински репрезентативец на Англија доаѓа од редовите на Манчестер Сити каде му беше резерва на Донарума, но потенцијалот на Англичанецот е причината поради која Лидс се согласи да плати богатство.
Конкретно, тимот од „Иланд роуд“ ќе издвои загарантирани 40 милиони фунти за овој трансфер, можно е сумата да скокне на 45 милиони доколку се активираат клузулите во договорот, а Манчестер Сити згора на тоа ќе има и 20% од наредниот трансфер на овој квалитетен голман.
Со овој трансфер, Трафорд стана најскап британски голман во историјата, уривајќи го рекордот од 30 милиони фунти што Евертон го постави со ангажманот на Џордан Пикфорд од Сандерленд во 2017 година.
Воедно, Трафорд од синоќа е трет најскап голман во историјата на Премиер-лигата, зад трансферите на Кепа во Челси (68 милиони фунти) и на Алисон Бекер во Ливерпул (62 милиони фунти).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
