Елена Рибакина е шампионката на завршниот ВТА турнир што оваа седмица се одржуваше во Ријад, во големото финале триумфирајќи над првата носителка Арина Сабаленка со 2-0 во сетови.
Двете тенисерки влегоа во финалето со максимален ефект на овој турнир, но мечот за трофејот мина во знакот на Рибакина, која имаше одговор за сите оружја на фаворитската и триумфираше со 6-3, 7-6.
Сабаленка може да жали за двете неискористени брејк шанси во вториот сет при 5-4, по што во тајбрејкот Рибакина прикажа целосна доминација славејќи со максимални 7-0.
Ова беше трета титула за Казахстанката во оваа календарска година, вкупно 11. во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

