Рибакина и Жабер во финалето на Вимблдон

Казахстанската тенисерка Елена Рибакина е вториот финалист на овогодишното издание на Вимблдон откако со 2-0 (6-3, 6-3) славеше над фаворизираната Романка Симона Халеп во меч кој траеше еден час и 17 минути.

Во финалето кое е на програмата во сабота за противничка Рибакина ќе ја има Тунижанката Онс Жабер која ја совлада Татјана Марија со 2-1 (6-2, 3-6, 6-1).

Се вчитува...