„Рибари“ дивееле по вчерашниот меч со Караорман, повредени и пет полицајци

Навивачката група на ФК Охрид „Рибари“ вчера со брод стигна на локалното дерби против Караорман. Сепак и покрај убавата атмосфера по мечот кој нивниот тим го загуби со 1-0 тие дивееле, а биле повредени и пет полицајци.

Според информациите од Охрид, инцидентот настанал после расправија околу напуштањето на стадионот на навивачите со дел од обезбедувањето, по што реагирала струшката полиција.

„На 08.04.2023 околу 17.00 часот во Струга, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Караорман од Струга и Охрид во рамки на Втората фудбалска лига бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица од навивачка група од Охрид, при што бил оштетен дел од инвентарот на стадионот. Притоа, при преземање мерки со повреди се здобиле пет полициски службеници од Полициската станица Струга. По целосно документирање и расчистување на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави“, информира Министерството за внатрешни работи.

Се вчитува...