Рибери ќе биде „златната резерва“ на Ливерпул?

Франк Рибери се уште нема одлучено каде ќе ја продолжи кариерата по заминувањето од Баерн Минхен, а големи се шансите негова следна дестинација да биде европскиот првак Ливерпул. „Црвените“ го имаат атомското трио Мане – Салах – Фирмино во нападот, но Клоп во Рибери гледа идеална „златна резерва“ за својот тим, некој кој со својата брзина, но и богатото искуство сигурно би бил од голема помош во атакот на трофеи.

Фактот дека е достапен без никаква отштета го прави Французинот уште поинтересен за „црвените“, кои без проблеми можат да ги покријат неговите финансиски барања за едногодишен договор. Медиумите од Франција тврдат дека веќе се водени неколку рунди на преговори, а во следната седмица може да се очекува и потпис на договорот.

Рибери најбогатата понуда од европските клубови ја добил од Монако, но ветеранот ги одбил „кнезовите“ со образложение дека во француското првенство може да игра само за Олимпик Марсеј, покажувајќи апсолутна лојалност кон својата поранешна екипа.

Се вчитува...