Поранешниот француски фудбалер, Франк Рибери, кој кариерата ја заврши во 2022 година, заплови во тренерските води.
Рибери кој настапуваше во Олимпик Марсеј, Баерн Минхен, Фиорентина, а кариерата ја заврши во Салернитана, остана да живее во Италија, а сега доби ПРО тренерска лиценца откако успешно го положи завршниот испит.
Италијанските медиуми пишуваат дека Рибери наскоро би можел да седне на клупата на Фиорентина која сезонава веќе направи тренерска смена, го отпушти Фабио Гросо и го врати Паоло Ваноли, но и се него на клупата, тимот не ги бележи посакуваните резултати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
